Александар Капетановски е одговорен за целокупните финансиски и буџетски процеси, како и преглед и контрола на сите финансиски движења и позиции на Диаверум.
Пред да се приклучи во тимот на Диаверум, Александар Капетановски има работено во ОКТА АД Скопје, дел од конгломератот Хеленик Петролеум, како менаџер за финансиска и кредитна контрола.
Својата кариерата ја има започнато како службеник во Централна Кооперативна банка во Скопје.
Александар Капетановски е магистер по економски и политички науки на Македонскиот државен универзитет во Солун, Грција.