Сокица ги спроведува сите сестрински политики и процедури и заедно со својот тим обезбедува висок квалитет на грижа за нашите пациенти. Нејзината голема доблест е одличната грижа што сестринскиот тим на Диаверум ја посветува на нашите пациенти, со што се подобрува квалитетот на животот.
Сокица има широко 20-годишно искуство со работа на Државната Универзитетска Клиника за нефрологија на различни оддели и 4 години искуство во првиот приватен Центар за дијализа во Северна Македонија како медицинска сестра на дијализа и медицинска сестра за контрола на инфекции. Во дел од своето работно искуство, има поминато една година работејќи во Аџибадем Систина како медицинска сестра за контрола на инфекции, одговорна за подготовка и спроведување контрола на инфекции за JCI.
Таа е член на Управниот одбор на Здружението за дезинфекција и стерилизација на Македонија и EDTNA ERCA. Сокица има земено активно учество на многу нефролошки конференции.