Пациент на хемодијализа, роден 1965год.

„Болеста започна 2000 година,со покачен крвен притисок. Отидов на лекар и после направеното ехо на бубрезите бев упатен на Клиника за Нефрологија - Скопје. Бев задржан на клиниката. По направената биопсија на бубрезита ми поставија дијагноза хроничен glomerulonefrit nedefiniran. Mи препишаа терапија и одев на контроли на секои 6 месеци. Не знаев ништо за ХББ пред да се разболам. По 2 години ми се покачија уреата и креатенинот. Веднаш ми поставија катетер и отпочнав со хемодијализа. Поради анемијата бев малаксан и затоа примив две единици крв. Во 2012 година добив силна градна болка и направен ми е четвороструки бајпас. Продолжив со хемодијализата и животот до денес. Инаку добро се справувам со ограничувањата што ги носи со себе болеста. Живеам дисциплиниран но активен живот, не пречекорувам со внесот на течностии и редовно ја примам пропишаната терапија.

ИСПРАЌАМ ПОРАКА ДО СИТЕ ДА ПРАВАТ РЕДОВНИ КОНТРОЛИ НА БУБРЕЗИТЕ ИАКО НЕ ЧУВСТВУВААТ НИШТО.“

 

Пациент на хемодијализа, роден 1974 год.

„Приказната за дијализа започнува во 1994 година година на 20 годишна возраст. Во тој момент се наоѓам на отслужување на редовниот воен рок. Како гром од ведро небо ја добив информацијата дека бубрези откажале. Претходно никогаш немав здравствени проблеми дури се занимавам и со професионален фудбал. Од тогаш започнува сосем нова епизода во мојот  живот со промена на сите планови. Дијализата ја започнав во Велес до септември 1996 година кога направив трансплантација од жив донор – мајка. После тоа животот ми се врати во понормална состојба. Но повторно започнаа проблемите и завршуваат со отфрлање на графтот и во 2001 година повторно се враќа на дијализа. Во 2004 година ми откажува фистулата и бев испратен на рехабилитација во Нефролошки завод Струга. Во таа една ново создадена тешка ситуација, прилично разочаран од случувањата ја запознава мојата животна сопатничка, исто така пациентка на дијализа. Заедничките проблеми направија ова запознавање да вроди љубов која што ќе биде крунисана со заедничко живеење и брак. Од тогаш заедно ги споделуваат секојдневните проблеми и предизвици што ги носи самата болест. За сите здрави пациенти моето мото е да се пие по една чаша вода наутро, како би и помогнале на работата на своите бубрези.“