Почнувајќи од мај 2017 година, Диаверум Куманово преку Меморандум за соработка со локалното Медицинско училиште Наце Буѓони, активно учествува во едукацијата на учениците.

Пет години трае успешната приказна на меѓусебна подршка, едукација и можност идните генерации, идните медицински работници да бидат дел од културата на ДИАВЕРУМ.  

Со начинот на работа и можноста учениците да посетуваат практична насока во дијализниот центар, станавме инспирација на младите и пример за идните генерации, за тоа како со  компетенција и страста во работата може да се подобри квалитетот на живот на пациентите. 

Емпатијата и желбата да се помогне ги покажавме заеднички со повеке активности. И во услови на пандемија, со почитување на сите мерки за заштита успеавме заедно да направиме моменти кои го разубавија секојдневието на пациентите.

6.1 Article NM - Collaboration with Kumanovo nurse school photo cropped.jpg

Новата 2022 година започна со многу желби, надежи и љубов упатена кон пациентите. Учениците со искрени желби, со свои раце подготвија по еден новогодишен  украс за секој пациент.  

Едукации на тема “Дијализа и бубрежна инсуфициенција”, “ Превенција на бубрежни заболувања”, “Улога на медицинска сестра во нега на пациент на дијализа” се само дел од заедничките активности, кои имаат за цел не само  подигање на свеста за медицинската нега и пристапот, туку и подигање на свеста за превенција и грижа за здравјето. 

И ова година заеднички го одбележавме Денот на бубрегот со идеја и иста цел- да продолжиме да ја подигаме свеста кај населението за важноста на превенцијата и зачувување на здравјето на бубрезите 

Со сета симболика што ја носи 7 Април - Светскиот ден на здравјето, за сите реализирани активности, а и за успешно реализираниот  проект –  “Учење преку работа кај работодавачот”,  во услови на пандемија, од ОСТЦУ Наце Буѓони, добивме Благодарница, што за нас е предизвик повеќе да продолжиме и понатаму да ја шириме нашата мисија за вистинска грижа, која се темели на КОМПЕТЕНЦИЈА, СТРАСТ и ИНСПИРАЦИЈА.  

Заедно создаваме подобро, бидејќи ние се осмелуваме да сонуваме, зашто сме водени од пример кој ДИАВЕРУМ го прави лидер во медицинската нега. 

Најнови вести

Образование

Успешни Диаверум приказни

Образование

Едукативен стручен состанок „Хронична бубрежна болест – превенција, дијагностика и третман“

Превенција

Превенција на хронична бубрежна болест кај лица со дијабет - Куманово