Вашите медицински исходи и безбедност се од исклучителна важност, а ние развивме модел на грижа кој дава приоритет токму на овие два елементи.
Нашата целокупна работа се спроведува во согласност со ригорозни стандарди и еволуира заедно со новите остварувања во бубрежната нега и технологијата, од која што најголем дел развиваме „самостојно“.
Пристапот на Диаверум кон вашата грижа содржи пет клучни столба:
- Клинички стандарди: политики и процедури кои обезбедуваат високо квалитетна грижа и безбедност
- Медицински стандарди: сеопфатни пристапи кон третманот кои ги оптимизираат медицинските исходи преку најефикасно пружање на грижа
- Мерење на успешноста: постојано следење на медицинските исходи
- Едукација на вработените и на пациентите: како во виртуелни така и во физички услови
- Научни истражувања: врз основа на она што вам ви е најважно
И овој пристап не е статичен: ние постојано ги подобруваме своите политики и процедури, учејќи од вас и нашите вработени, преку анкети, редовни внатрешни контроли и како одговор на националните регулаторни барања. Нашите клинички практики базирани на докази се зајакнати со низа пристапи кон едукацијата и кон обуките, заедно со нашата платформа „d.ACADEMY“ наменета за повеќе категории на слушатели.
Транспарентноста претставува поткрепа на нашата работа а нашиот систем за мерење на клиничката успешност (ЦПМ) врши мерење и споредување на медицинската успешност во рамките на и помеѓу центрите на глобално ниво.
Можете да најдете повеќе информации на Како ја користиме новата технологија за тоа како нашата грижа за вас е поткрепена со технологија која постојано еволуира, вклучувајќи и сопствен софтвер како што е Системот за управување со ренални информации (d.CARE), Системот за водење на третманот (TGS), Системот за фармацевтско насочување (PGS) и нашата виртуелна платформа за едукација, d.ACADEMY.
Овие дигитални алатки ни овозможуваат да ја стандардизираме грижата за вас и на тој начин да ја зголемиме и подобриме вашата безбедност и медицинските исходи, а истовремено ни овозможува и подобро управување со обемот на работа.