Политика за приватност
Политиката за приватност и политиката за колачиња се однесуваат на интеракцијата помеѓу Диаверум АБ и нејзините подружници (заеднички „Диаверум“, „ние“, „нас“, „наше“) главо на интернет страницата http://www.diaverum.com/ („Страницата“).
Оваа интернет страница е обезбедена од Диаверум АБ („Контролерот на податоци“).
Диаверум АБ
Организациски број на компанијата 559140-5344
Поштенска адреса: Hyllie Boulevard 53
SE 215 37 Малме
Шведска
Телефон: +46 46 287 3000
Диаверум АБ, во својство на контролер на податоци е одговорен за заштита на вашите лични податоци и нашата цел е вие да се чувствувате безбедно и сигурно со начинот на кои ги обработуваме вашите лични податоци. Ние ги обработуваме вашите лични податоци во согласност со ова известување за приватност и важечките законски прописи, односно, од 25 мај 2018 година, општата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ.
Вашата приватност ни е многу битна и ние ја согледуваме вашата потреба за соодветна заштита на и управување со личните податоци кои ги споделувате со нас. Според тоа, ја развивме оваа политика за приватност („Политиката за приватност“) во која се опишува како ги собираме и како ги користиме вашите лични податоци. Политиката за приватност главно се однесува на податоци кои ние сме ги добиле преку Страницата, но може тука да се вклучат и податоци од други извори, како на пример информации собрани од извори кои не се на интернет или пак преку други интернет страници во сопственост на односно со кои управуваат подружниците на Диаверум.
Диаверум АБ назначи службеник за обработка на податоците со кој може да стапите во контакт преку електронска пошта на: SE.DPO@diaverum.com или на следнава поштенска адреса:
Диаварум АБ
Службеник за заштита на податоците
Hyllie Boulevard 39
SE 215 37 Малме
Шведска
Телефон: +46 46 287 3000
Лични податоци
За најголем дел од услугите, карактеристиките и функциите на Диаверум на страницата не е потребена никаква регистрација и на тој начин можете да ја посетите страницата без да ни кажете кои сте. Сепак, за одредени услуги, карактеристики и функции да ви ги направиме достапни ние може да побараме одредени ваши лични податоци. Ваквите лични податоци може да ги вклучуваат, но не и да се ограничат на следниве работи,
- Вашето име,
- Името на вашата организација (ако постои),
- Вашата електронска адреса,
- Вашата поштенска адреса и
- Вашиот телефонски број.
За одредени услуги, можеме исто така да побараме да доставите одредени, ограничени медицински информации. Одредени лични информации може да бидат задолжителни, што значи дека ако не ги доставите, може да не можете да пристапите до одредени делови на страницата односно може ние да не можеме да одговориме на вашето барање.
Општо земено, сите податоци кои посредно или непосредно се поврзани со одредено живо физичко лице се сметаат за лични информации. Тука се вклучени фотографии и звучни записи од поединци дури и ако не се спомнуваат никакви имиња. Шифрираните податоци и разните видови електронски идентитети, како што се ИП броеви исто така се сметаат за лични податоци ако можат да се поврзат со одредени физичко лице.
Согласност
Секое место на страницата каде што од вас се бара да доставите лични податоци има линк до оваа политика за приватност. Со прифаќањето на оваа политика за приватност и со доставувањето на вашите лични податоци на тоа место, или на друг начин, признавате и се согласувате дека Диаверум може да ги собере односно да ги користи вашите лични податоци на начин опишан во оваа политика за приватност.
Користење на личните податоци
Пред собирањето на личните податоци, ние ги утврдуваме целите поради кои се собираат личните податоци. Ние ги собираме и користиме вашите лични податоци исклучиво за остварување на тие цели и ве информираме за таквите цели секогаш кога бараме податоци од вас. На пример, може да собираме и користиме лични информации за да ви обезбедиме производи или услуги односно за да ви ги наплатиме производите или услугите кои ги барате. Исто така може да ги користиме информациите за да ви ги понудиме производите и услугите кои сметаме дека би можеле да ви бидат од интерес односно да комуницираме со вас за други потреби.
Законските основи за собирање, чување и користење на личните информации вклучуваат:
- Легитимни интереси за понуда на производи и услуги скроени според потребите на потрошувачите, администрирање на нашата интернет страница и деловниот потфат, прилагодување на интернет страницата на вашите потреби, овозможување на користењето на нашите услуги преку интернет страницата, постапување по барања и поплаки доставени од ваша страна во врска со нашата интернет страница
- Согласност односно ваше изречно одобрување, дадено врз основа на информации, за користењето на вашите лични податоци
- Договорна потреба, доколку е склучен договор помеѓу вас и нас
Вашите информации нема да се чуваат подолго отколку што е потребно за утврдените цели односно за исполнување на регулаторните односно законските барања односно додека не ја повлечете вашата согласност.
Не се врши никакво профилирање ниту автоматско донесување на одлуки со користење на вашите лични податоци.
Ако ни испратите електронска пошта директно, тогаш ние ќе ги обработиме личните податоци содржани во таа порака почитувајќи ја вашата приватност и во согласност со оваа политика за приватност.
Обелоденување на трети лица
Нема да ги продаваме, споделуваме односно на друг начин да ги доставуваме до трети лица освен во согласност со одредбите во оваа политика за приватност. Може да ги проследиме вашите лични податоци до подружниците на Диаверум и до други трети лица со кои Диаверум има договорен однос за дополнителна обработка на вашите лични податоци во согласност со целите за кои податоците биле собрани, како што се испорака на услуги, оценување или техничка поддршка. Ваквото проследување се врши само доколку подружницата односно третото лице има договор со Диаверум во кој се предвидува дека ќе ги користи личните податоци за договорените цели и во рамките на ограничувањата согласно кои тие податоци биле собрани.
Може да ги откриеме вашите лични податоци доколку тоа се побара од нас согласно со важечки законски пропис, судска одлука односно владина уредба или пак доколку таквото откривање е потребно како поддршка на било каква правна или кривична истрага.
Освен тоа, во случај на реорганизација, спојување или продажба, може да ги пренесеме вашите лични податоци на соодветни трети лица, под услов таквите лица да се согласат да ги третираат личните податоци во согласност со оваа политика за приватност.
Може да користиме услуги од надворешни лица за да ни помогнат при собирањето и обработката на податоците опишани во овој дел и сите такви трети лица ќе ги имаат обврските опишани погоре.
Вашите права
- Имате право да знаете кои лични податоци обработуваме во врска со вас и можете да побарата примерок од таквите податоци.
- Имате право сите неточни лични податоци во врска со вас, да бидат поправени, а во одредени околности може да побарате да ги избришеме вашите лични податоци (ако, на пример, личните податоци не се повеќе потребни за утврдената цел).
- Доколку сте дале согласност за обработка на вашите лични податоци за конкретна цел, секогаш можете да ја повлечете вашата согласност.
- Исто така имате право да приговорите на одредена обработка на вашите лични податоци и да побарате обработката на вашите лични податоци да биде ограничена. Ве молиме да имате предвид дека ограничувањето или бришењето на вашите лични податоци може да доведе до тоа да не можеме да ги исполниме нашите обврски.
- Исто така имате право да ги добиете вашите лични податоци во машински читлив формат и да ги пренесете своите лични податоци на друг контролер.
По вашите барања ќе биде постапено соодветно и ажурно. Барањата за бришење на личните информации ќе бидат предмет на сите важечки регулаторни и законски барања.
За остварување на вашите права треба да ни се обратите на:
Диаверум АБ
Поштенска адреса: Hyllie Boulevard 53
SE 215 37 Малме
Шведска
Телефон: +46 46 287 3000
Доколку имате било какви приговори односно поплаки во врска со начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци, имате право да вложите жалба до надлежниот орган за надзор над заштитата на податоците.
Безбедност и доверливост
За да се осигури безбедноста и доверливоста на вашите лични податоци, ние користиме мрежи за податоци кои се заштитени со, на пример, огнени ѕидови согласно со индустриски стандарди и лозинки. Имаме преземено соодветни технички и организациски мерки за да ги заштитиме вашите лични податоци од губење, злоупотреба, неовластен пристап, обелоденување, менување и уништување.
Пренесување на личните информации во странство
Бидејќи Диаверум е мултинационална корпорација, имаме бази на податоци во различни надлежности и можеме да ги пренесеме вашите лични податоци во една од базите на податоци на Диаверум надвор од земјата во која живеете. Според тоа, вашите лични податоци можат да бидат пренесени до база на податоци надвор од Европската економска област („ЕЕА“). Овие земји може да немаат слични закони за заштита на податоците како и ЕЕА. Доколку ги пренесеме вашите лични податоци надвор од ЕЕА на овој начин, ќе преземеме мерки да осигуриме дека вашите лични податоци се соодветно заштитени со соодветни заштитни механизми, стандардизирани договори за заштита на податоци односно потпирање на одлуката за соодветност на ЕУ. Може да ги пренесеме личните податоци во земја надвор од ЕУ/ЕЕА без соодветен стандард на заштита во следниве околности: со ваша изречна согласност базирана на информации, при исполнување на договорно односно законско побарување.
Известување за промени
Диаверум го задржува правото да ја измени оваа политика за приватност од време на време. Датумот на најновите измени е наведен на крајот на оваа политика за приватност. Доколку направиме било какви измени на оваа политика за приватност и начинот на кој ги користиме вашите лични информации, тогаш ќе ги поставиме сите такви измени на оваа страница. Ве молиме редовно проверувајте ја нашата политика за приватност. Доколку во било кое време посакаме да ги користиме вашите лични податоци на начин различен од начинот предвиден кога таквите информации биле собрани, тогаш имате право да бидете известени од наша страна и, доколку е соодветно, да ни дадете согласност за користење на вашите лични податоци на ваквиот поинаков начин.
Прашања и одговори
Доколку имате било какви прашања или коментари во врска со ова известување за приватност, политиката за колачиња или условите за користење, ве молиме обратете ни се на:
Диаверум АБ
Организациски број на компанијата 559140-5344,
Hyllie Boulevard 39
215 37 Малме
Шведска
Телефон: +46 46 287 30 00
Датум на најновите измени: 8 јули, 2020 година.