Диаверум – известување за приватност на социјалните медиуми 

Ние сме присутни на социјалните медиуми така што постојано можете да добивате најнови информации, да поставувате прашања, да давате предлози, да поставувате слики и да го изразувате своето мислење за теми поврзани со Диаверум. Нашето присуство на социјалните медиуми ги вклучува Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Линкдин. 

Ние самите управуваме со нашите активности на социјалните медиуми. Ако ни испратите приватна или директна порака преку социјалните медиуми, ќе ја сочуваме сѐ додека не ви одговориме на вашето барање односно до затворање на прашањето. Нема да го споделуваме со било која друга организација. 

Можеме да им пристапиме на сите ваши медиумски интеракции со Диаверум и да одлучиме како да постапиме. На пример, ако ни испратите порака преку социјалните медиуми на која треба да ви одговориме, тогаш таквата порака може да ја обработиме како барање или како поплака и да постапиме соодветно. 

Кога контактирате со Диаверум преку платформата на одреден социјален медиум, препорачуваме да се запознаете и со информациите за приватност на таа платформа. 

  

Оператори на социјални медиуми 

Операторите на социјалните мрежи генерално можат да го анализираат однесувањето на корисниците ако ја посетите нивната платформа директно или ако посетите интернет страница на трет субјект преку нивниот социјален медиум, на пример преку копче за „ми се допаѓа“ (лајк) или поставен банер за реклама. Кога ги посетувате страниците на Диаверум на социјалните медиуми, вашите лични податоци исто така ги обработуваат и операторите на социјалните медиуми. 

Ако сте најавени на вашата сметка на социјалниот медиум и ја посетите нашата страница на социјалниот медиум, операторот може да ја запише оваа посета на вашата корисничка сметка.  Вашите лични податоци исто така може да бидат запишани дури и доколку не сте најавени односно доколку немате сметка. Во овој случај податоците можат да бидат собрани преку колачињата кои се чуваат на вашиот уред или пак преку регистрирање на вашата ИП адреса. 

Тоа значи дека операторите на социјалните медиуми можат да создадат кориснички профили и интереси, на пример за прикажување на реклами засновани на искажан интерес во и вон рамките на вашето присуство на социјалните медиуми. Рекламирањето засновано на интерес може да се прикаже да било уред на кој што сте најавени односно на кој треба да се најавите. 

Ве молиме исто така имајте предвид дека ние не ги контролираме сите операции во врска со обработката на податоците на платформите на социјалните медиуми. Во зависност од провајдерот, операторите би можеле да спроведат дополнителна обработка на податоците. Детални информации можат да се најдат во условите за користење и политиката за приватност на соодветните платформи на социјалните медиуми. 

 

Правен основ 

Присуството на Диаверум на социјалните медиуми обезбедува пошироко присуство на интернет. Нашата обработка на личните податоци во овие социјалните медиуми е во рамките на нашите легитимни интереси како деловен потфат, за да се овозможи интеракција со различните чинители како во така и надвор од компанијата.  

Обработката на личните податоци од страна на операторите на социјалните мрежи може да се заснова на разни правни основи, наведени посебно од страна на овие оператори (на пример согласност со смисла на Член 6 (1) (a) ГДПР). 

  

Нашата одговорност и вашите права 

Кога ќе посетите некој од нашите профили на социјалните медиуми, ние, заедно со операторот на платформата сме одговорни за обработката на податоците. Можете да ги остварите вашите права (информации, корекција и бришење, ограничување на обработката, преносливост на податоците и поплаки) кај нас во Диаверум, како и кај операторот на социјалниот медиум. 

 
Исто така имате право да вложите жалба до официјалниот орган за заштита на податоците по ваш избор.  

Немаме целосно влијание врз обработката на податоците која ја спроведуваат операторите на социјалните медиуми. Нашите можности се одредени согласно со политиката на компанијата на соодветниот провајдер. 

  

Време на чување 

Податоците собрани директно од нас преку присуството на социјалните медиуми ќе бидат избришани од нашите системи веднаш по остварувањето на нивната цел односно веднаш штом ќе побарате од нас да ги избришеме или ако ја повлечете вашата согласност. Колачињата може да останат на вашиот уред сѐ додека не истечат или сѐ додека не ги избришете.  

Ние немаме контрола во однос на тоа колку долго операторите на социјалните мрежи ги чуваат личните податоци за свои потреби. За подетални информации, ве молиме погледнете ги политиките за приватност на операторите на социјалните мрежи. 

  

Социјални мрежи 

Фејсбук 

Имаме профил на Фејсбук. Провајдерот е „Facebook Ireland Limited, 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2“ Ирска. 

Ние имаме потпишано договор со Фејсбук за споделување на одговорноста за обработката на податоците (Додаток за контролер). Овој договор предвидува за кои активности поврзани со обработката сме ние одговорни односно Фејсбук е одговорен, кога вие ќе ја посетите нашата страница на Фејсбук. Овој договор може да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/legal/terms/page_controller_addendum 

  

Можете самостојно да ги прилагодите поставките за рекламирање во вашата корисничка сметка. Кликнете на следниов линк и најавете се: https://www.facebook.com/settings?tab=ads 

  

Политика за приватност на Фејсбук: www.facebook.com/about/privacy/  

  

Инстаграм  

Имаме профил на Инстаграм. Провајдерот е „Facebook Ireland Limited, 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2“ Ирска. Подетални информации за тоа како тие постапуваат со вашите лични податоци може да се најдат во политиката за приватност на Инстаграм: https://help.instagram.com/519522125107875 

  

Твитер 

Имаме профил на Твитер. Провајдерот е „ Twitter International Company, One Cumberland Place, Fenian Street, Даблин 2, D02 AX07“ Ирска 

Подетални информации за тоа како тие постапуваат со вашите лични податоци може да се најдат во политиката за приватност на Твитер: 

https://twitter.com/privacy 

  

Линкдин 

Имаме профил на Линкдин. Провајдерот е „LinkedIn Ireland Unlimited Company, 70 Sir John Rogerson's Quay, Даблин 2“, Ирска 

Подетални информации за тоа како тие постапуваат со вашите лични податоци може да се најдат во политиката за приватност на Линкдин: https://www.linkedin.com/legal/privacy-policy 

  

Јутјуб 

Ние имаме канал на Јутјуб. Провајдерот е „Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин 4“, Ирска 

Подетални информации за тоа како тие постапуваат со вашите лични податоци може да се најдат во политиката за приватност на Јутјуб: https://policies.google.com/privacy 

  

Коментари и забелешки 

Благодарни сме за и ги цениме сите коментари и забелешки од потрошувачите и другите корисници дадени преку профилите на социјалните медиуми, но секогаш го задржуваме правото да отстрануваме коментари и поставени работи, доколку сметаме дека: 

  • Се навредливи 
  • Го кршат законот 
  • Претставуваат измама или погрешно наведуваат 
  • На одреден начин девалвираат поединци или компании 
  • Се несоодветни на некој начин   

Ве молиме запомнете дека вашите официјално објавени коментари и слики можат да бидат прочитани и прегледани од сите кои ќе пристапат на страницата. Ние може да имаме обврска да бришеме коментари, фотографии или видеа од социјалните канали за да избегнеме повреда на било чиј интегритет и за да бидеме во согласност со правилата и прописите во однос на приватноста. 

Ако имате било какви прашања во врска со присуството на Диаверум на социјалните медиуми или поконкретно за ова известување за приватноста на информациите, ве молиме обратете ни се со електронска порака на info[at]Diaverum[dot]com или со писмо упатено до контролерот на податоците: Диаверум АБ, Hyllie Boulevard 53, SE 215 37 Малме, Шведска. Нашиот број на организацијата е 559140-5344. 

Диаверум АБ има назначено службеник за заштита на податоците кој што можете да го контактирате по електронска порака на: se.dpo[at]Diaverum[dot]com, или со писмо на погоре наведената адреса. 

Најнови измени: 7 декември 2020