ХББ е постепено и неповратно губење на бубрежната функција со тек на време. Не може да се излекува, но може да се забави и да се лекува. 

Кога работат нормално, вашите бубрези делуваат како ефикасни филтри и нема да имате никакви знаци на протеини во вашата урина. Многу фактори, вклучувајќи го и стареењето, може да ја намалат способноста на вашите бубрези за филтрирање и ХББ се дијагностицира ако вашата бубрежна функција е засекогаш намалена. ХББ има пет стадиуми: во стадиумите 1-4, фокусот е на зачувувањето на бубрежната функција, додека во стадиумот 5 е неопходна дијализа или трансплантација. 

 

Стадиуми 1-2 – може да немате никакви симптоми 
Некои луѓе немаат никакви симптоми додека на други им е дадена дијагноза и им се понудени лекови. Вашиот крвен притисок мора редовно да се следи и соодветно да се контролира и ако имате дијабет мора да се осигурите дека вашиот шеќер во крвта редовно се следи и се одржува што е можно постабилен.  
 

Стадиум  3 – важно е да се преземе нешто  
Кога ќе дојдете во стадиум 3, вашата бубрежна функција веќе е намалена помеѓу 30 и 60 проценти од целосниот капацитет и треба да имате темелни и редовни контроли. Од витално значење е да направите сѐ што е можно да го забавите напредокот на болеста спречувајќи ги стадиумите 4-5.  

Во стадиумот 3 веројатно веќе ви се препишани повеќе лекови, а често пати и начин на исхрана и програма за вежбање. Треба да се земат предвид и можноста за дијализа и за трансплантација на бубрег, а може да ви биде препорачана и операција за вашите вени да бидат достапни и спремни за дијализа кога тоа ќе биде потребно.  

 
Стадиуми 4-5 – вашите бубрези веќе не можат да си ја вршат работата   

Бубрежната слабост се јавува кога функцијата на бубрезите е под 15 проценти од нормалната и може да имате опасно задржување на отпадни продукти и на вода во вашата крв. Сега е неопходна дијализа или трансплантација на бубрег.