Бубрежна слабост се дијагностицира кога вашите бубрези работат со помалку од 15 проценти од нивниот нормален капацитет.
Во овој стадиум, нивната функција мора да се замени преку трансплантација или почесто преку дијализа.
Со хемодијализата се прочистува крвта надвор од вашето тело и тоа може да се прави во центар за дијализа или дома додека перитонеалната дијализа како филтер ја користи перитонеалната мембрана на вашето тело и може да се врши на секое погодно место, во текот на денот како континуирана амбулантска перитонеална дијализа или ноќе, како автоматизирана перитонеална дијализа.