Што можете да направите за вашето здравје?
- Погрижете се дијабетесот и крвниот притисок да се добро регулирани;
- Следете ги советите на нефрологот кој го следи вашиот третман;
- Променете го вашиот начин на живот и исхрана според советите на медицинскиот тим кој се грижи за вас;
- Почитувајте ја фрекфенцијата на медицински прегледи препорачани од вашиот нефролог;
- Информирајте го вашиот нефролог за какви било промени во вашата здравствена состојба и тераписката шема пропишана од другите лекари;
- При секој медицински преглед, би било добро да имате со себе список на лековите што ги земате и резултатите од медицинските испитувања извршени помеѓу двете посети на нефролог.
Програмите за превенција на хронична бубрежна болест се клучот за здрав живот!
Услуги кои ги нудиме во нашата амбуланта:
- Превентивни прегледи, со скрининг и рана дијагностика на лицата со ризик од развој на бубрежно заболување;
- Превенција и следење на хронична бубрежна инсуфициенција во завршна фаза;
- Ехоренографија, електрокардиограм (ЕКГ) и лабораториски испитувања за дијагностика на бубрежно заболување;
- Консултации во однос на исхраната и терапијата, заради регулирање на рамнотежата на електролити и минерали во организмот.
Во моментов се достапни нефролошки амбуланти во три клиники и тоа: