Кога вашите бубрези почнуваат да откажуваат, нефрологот можеби ќе треба да го прилагоди третманот на потребите на секој пациент, користејќи лекови за да ги корегира проблемите што се јавуваат поради неправилно функционирање на бубрезите.

Тoa би биле лекови за: контрола на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, хормони кои бубрегот не е способен да ги произведе, отстранување на некои минерални соли (фосфор, калиум), ублажување на можните симптоми како повраќање, чешање и друго.

Сите лекови што ви ги препишува вашиот нефролог одговараат на вашите специфични потреби. Секогаш кажете им на сите здравствени работници кои ве лекуваат, дури и надвор од клиниката, дека сте лице со бубрежна болест. Секогаш известувајте ги здравствените работници со какви било промени направени во лековите што ви ги препишале, за да бидат во тек и да можат да го земат тоа во предвид кога го менуваат вашиот третман.

Поврзана содржина

Исхрана
Здравата исхрана игра важна улога во сите фази на хроничната бубрежна болест. Не постои една диета која е најдобра за сите пациенти во сите фази на нивната бубрежна болест.
Хипертензија
Постојат многу различни причини за бубрежна инсуфициенција. Една од најчестите причини е високиот крвен притисок (хипертензија).
Дијабет
Постојат многу различни причини за бубрежна инсуфициенција. Покрај високиот крвен притисок, една од најчестите причини е дијабетот.