Генерално е важно да имате здрава исхрана. Кога бубрежната болест напредува, пациентот може да не јаде доволно поради недостаток на апетит и генерално чувство на замор. Важно е да се продолжи со јадење на соодветни оброци.

 

Протеини

Протеините ви помагаат да ги одржувате мускулите и да го регенерирате ткивото. Колку подобро се храните, толку поздрави ќе бидете. Ќе имате и поголема отпорност на инфекции.

Вашето тело го разложува протеинот во отпаден производ наречен уреа. Јадењето висококвалитетни протеини во поголем процент е важно бидејќи тие произведуваат помалку отпад. Висококвалитетните протеини доаѓаат од месо, риба, живина и јајца.

Фосфор

Фосфорот е минерал кој се наоѓа во многу намирници. Обично, луѓето на дијализа и во преддијализниот период се ограничени во количината на храна која содржи фосфор што можат да ја јадат во тек на денот. Ако имате премногу фосфор во крвта, тоа поттикнува калцификацијата на ткивата. Фосфорот може да предизвика чешање на вашата кожа и може да влијае на вашите крвни садови.

Храната како млеко и сирење, грав, семки од сончоглед, ленено семе, кола напитоци, јаткасти плодови и путер од кикирики е богата со фосфор. Веројатно ќе треба да земате лек наречен врзувач на фосфор за да спречите вишокот на фосфати од храната да влезе во вашата крв.

Калиум

Калиумот е присутен во речиси сите намирници, особено во овошјето и зеленчукот. Здравите бубрези ја задржуваат вистинската количина на калиум во крвта. Меѓутоа, кај пациентите со бубрежна инсуфициенција, нивото на калиум може многу да се менува, да варира. Нивото на калиум може да се зголеми помеѓу сесиите на дијализа и да делува на отчукувањата на срцето. Може да предизвика дури и смрт. Важно е внимателно да ги следите советите што ви се дадени за да го контролирате нивото на калиум.

Храната која има високо ниво на калиум вклучува бадеми, кајсии, артичока, авокадо, банани, грав, сок од морков, печен компир, чоколадо, сушено овошје, овошен сок, диња, млеко, јаткасти плодови, чипс од компири, сок од сливи, суво грозје, леќа, спанаќ, сок и сос од домати и минерални соли.

Натриум (сол)

Солта е природно присутна во повеќето намирници, а се користи и за додавање вкус на оброците. Секогаш мора да ја проверувате количината на натриум присутна во вашата храна.

Натриумот го контролира балансот на течности во вашето тело, па затоа е важно да се намали чувството на жед и да се ограничи внесот на натриум за да се избегне акумулација на течности.

Прашајте го вашиот тим од клиниката или вашиот нефролог за исхраната што треба да ја практикувате.

Поврзана содржина

Хипертензија
Постојат многу различни причини за бубрежна инсуфициенција. Една од најчестите причини е високиот крвен притисок (хипертензија).
Дијабет
Постојат многу различни причини за бубрежна инсуфициенција. Покрај високиот крвен притисок, една од најчестите причини е дијабетот.
Лекови
Терапијата е прилагодена на потребите на нашите пациенти. Придржување кон терапијата е од суштинско значење за успех на третманот.