Кога срцето е најмногу стегнато (контрахирано), тогаш крвниот притисок е највисок. Кога срцето се релаксира, повеќе не се пумпа крв низ артериите и крвниот притисок паѓа на најниската вредност.

Високиот крвен притисок (хипертензија) се јавува кога притисокот на вашата крв врз ѕидовите на вашите крвни садови се зголемува. Високиот крвен притисок ги оштетува малите крвни садови во бубрезите и го спречува правилното функционирање на процесот на филтрирање. Причините за висок крвен притисок се многу често непознати, но обично се поврзуваат со вашето општо здравје, вашиот начин на живот и вашите навики во исхраната.

Нашиот секојдневен живот вклучува многу фактори кои придонесуваат за појава на висок крвен притисок. Факторите на ризик може грубо да се поделат на фактори на кои може да влијаеме и фактори на кои не може да влијаеме.

Фактори на кои не може да влијаеме се возраста, полот и генетската предиспозиција.

Фактори на кои може да влијаеме се пушењето, стресот, дебелината, консумирањето алкохол, дијабетот и исхраната со висока содржина на масти. Исхраната со големо количество сол може да придонесе за зголемување на крвниот притисок, особено преработената (готова) храна, која често е многу солена. Недоволната физичка активност исто така игра голема улога, но и метаболизмот на мастите и излачувањето на протеините.

Бидејќи високиот крвен притисок често останува неоткриен и не предизвикува никакви непријатности, оштетувањето на бубрезите предизвикано од високиот крвен притисок е широко распространет проблем денес. Ран знак за оштетување на бубрезите може да биде продолженото присуство на протеини во урината (микроалбуминурија). Во тој момент е најдобро брзо да се реагира, со цел да се забави и спречи посериозно оштетување на бубрезите.

Поврзана содржина

Дијабет
Постојат многу различни причини за бубрежна инсуфициенција. Покрај високиот крвен притисок, една од најчестите причини е дијабетот.
Исхрана
Здравата исхрана игра важна улога во сите фази на хроничната бубрежна болест. Не постои една диета која е најдобра за сите пациенти во сите фази на нивната бубрежна болест.
Лекови
Терапијата е прилагодена на потребите на нашите пациенти. Придржување кон терапијата е од суштинско значење за успех на третманот.